BIM – Building Information Modeling
BIM е кратенка за информациско моделирање градби (анг. Building Information Modelling). Пристапот BIM им овозможува на архитектите, инженерите, изведувачите и на другите професионалци да дизајнираат, конструираат и да управуваат со зграда во рамките на еден 3D BIM модел. Целта е да се подобри соработката и размената на информации во проектот. Забрзаната дигитализација во градежната индустрија, во последните години ги следи принципите на модерната индустријализација и паневропската иницијатива Индустрија 4.0.
Придобивки од BIM за MEP инженерите
Со користење на BIM пристапот, MEP инженерите (машински, електрични и водоводни инженери) побргу можат да донесат подобри одлуки за дизајнирање, да ги оптимизираат проектите, да го намалат ризикот и да ги подобрат точноста и изводливоста заради полесна визуализација.
Каталог BIM TEM Čatež
BIM објектите на TEM се собрани во BIM каталогот, достапен за софтверските опкружувања Autodesk Revit и Graphisoft DDSCAD. Со BIM објектите, можете да го организирате вашиот 3D простор и функционално и естетски, бидејќи тие се достапни во сите бои на каталогот.
BIM објект
BIM објектите се паметни 3D модели, кои се состојат од графика и податоци. Тие се клучен дел од BIM моделот, бидејќи ги дефинираат својствата на планираната градба. BIM објектите на компанијата TEM Čatež содржат и електрична точка за ефикасно интегрирање во проектот за електрична инсталација.
Покрај 2D и 3D дизајн/моделирање со BIM, програмата овозможува и автоматско поврзување на BIM електрични објекти од производителот TEM во кола. Пресметки на падови на напон, димензии на кабли, должини на кабли, струи на куса врска, заштитни прекинувачи… Сите пресметки подлежат на европските стандарди. DDScad овозможува увоз и извоз на IFC стандардни модели. Извозот на подмоделот на IFC електрични инсталации обезбедува целосна компатибилност со сите што се вклучени во BIM проектите.